Трамп: Американската војска го уби и наследникот на Ал-Багдади

Американските војници го убија и лицето кое најверојатно ќе го наследеше Абу Бакр ал-Багдади како лидер на Исламската држава, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Штотуку е потврдено дека американските војници ја убија првата замена на Абу Бакр ал-Багдади. Тој најверојатно ќе го заземеше првото место. Сега и тој е мртов!“, наведе Трамп на Твитер.

Трамп не прецизираше на кого мисли, но Соединетите Американски Држави во понеделникот потврдија дека е убиен портпарол на Исламската држава, Абу ал-Хасан ал-Мухаџир, кој е сметан за втор човек на таа екстремистичка организација, пренесе Ројтерс.

Курдските сили во Сирија во неделата објавија дека Мухаџир е убиен во заедничка акција на курдските и американските трупи во северна Сирија и дека е ликвидиран во продолжението на операцијата во која претходно загина лидерот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Курдските сили соопштија дека Мухаџир бил „десна рака“ на лидерот на Исламската држава, Багдади.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе