Вашингтон

Трамп: „Ако сакате пари, отфрлете го антисемитизмот. Многу едноставно“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба насочена кон сузбивање на антисемитското малтретирање на универзитетските кампуси.

„Ако сакате да прифатите огромна сума долари од државата што ја добивате секоја година, мора да го отфрлите антисемитизмот. Тоа е многу едноставно“, им порача Трамп на универзитетите.

Во согласност со наредбата, Министерството за образование ќе ја разгледа дефиницијата за антисемитизам според Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот - што може да вклучува критики за Израел - при проценка на поплаките за дискриминација според Законот за граѓански права.

Тоа значи дека може да биде скратено финансирањето на училиштата за кои е утврдено дека прекршиле одредби од законот, пренесува АП.

Оваа наредба доаѓа во време кога движењето за бојкот, откажување на инвестиции и санкции против израелската влада поради нејзините постапки кон Палестинците, стануваат се поизразени на некои универзитетски кампуси.

Израелската влада ги повика сојузниците да го спречат тоа движење на бојкот, додека приврзаниците ги негираат обвинувањата за антисемитизам и себеси се опишуваат како критички кон израелското одлучување, а не кон Евреите.

„Мојата администрација никогаш нема да толерира забрана, прогон или замолчување на еврејскиот народ. Остро ја осудуваме оваа антисемитска кампања против државата Израел и нејзините граѓани“, рече Трамп.

Сепак, критичарите велат дека наредбата се заснова на застарено законодавство, дизајнирано помалку за борбата против антисемитизмот а повеќе за „ублажување на ефектот врз слободата на говорот и за разбивање на израелските критичари“.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе