Трагичен крај на големата потрага во Шпанија: момчето најдено мртво во колата на партнерката на татко му

Осумгодишното момче чие исчезнување ја потресе цела Шпанија најдено е мртво во автомобилот на партнерката на татко му, јави Би-би-си.

Габриел Круз бил „задавен истиот ден кога исчезнал“, ги објавија медиумите резултатите од обдукцијата на несреќното момче, кое во неделата беше пронајдено во багажникот на автомобилот што го возела партнерката на татко му. Габриел исчезнал на 27 февруари во јужната покраина Алмерија. Во потрагата учествуваа повеќе од 4.000 полицајци и волонтери.

Во понеделникот беше уапсена Ана Јулија Куезада (43), партнерката на таткото на Габриел, која активно учествуваше во потрагата по момчето.

„Утрово цивилната гарда ја запре придружничката на таткото на Габриел додека таа го пренесуваше телото на малото момче во багажникот на автомобилот“, соопшти министерот за внатрешни работи Хуан Игнасио Зоидо.

Полицијата смета дека Куезада го скрила телото на Габриел на семејниот имот во селото Родалквилар и потоа сакала да го премести со автомобилот. При апсењето таа викала: „Не го сторив јас! Утринава ја зедов колата!“ Полицијата објави дека повторно истражува уште еден случај во кој умрело дете додека било под нејзина грижа.

Во 1996 година четиригодишно девојче паднало низ прозорец во градот Бургос, каде што го чувала Куезада. Смртта на детето тогаш е прогласена за несреќен случај.

Габриел последен пат е виден на 27 февруари, кога излегол од куќата на баба си во селото Лас Хортихуелас, покрај Родалквилар, во општината Нијар. Требало да оди да си игра кај соседот, но воопшто не се вратил.

Куезада беше на секој јавен собир за Габриел и активно учествуваше во потрагата

Таткото Ангел Круз и неговата сега уапсена партнерка Куезада на 3 март најдоа маица со ДНК на момчето на околу 10 км од Нијар. Шпанските медиуми пишуваат дека полицијата тогаш почнала да се сомнева во Куезада, која потекнува од Доминиканската Република, и да ја следи.

Куезада присуствуваше на секој јавен собир за Габриел и активно учествуваше во потрагата како партнерка на татко му. Мајка му на Габриел, Патриција Рамирез, во понеделникот изјави дека од почетокот се сомневала во Куезада и дека сега таа треба да му се препушти на судот на правдата.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе