Тотален крах меѓу руските трупи

Русија распореди хеликоптери и алатки за пребарување на бегалци во областа околу Керсон во обид да ги спречи своите војници да бегаат во зголемен број.

Фото: ЕПА

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека значителните руски загуби и неподготвеноста за борба придонеле за влошување на моралот и психолошката состојба на окупаторските руски трупи и дека бројот на дезертери рапидно растел.

„На привремено окупираната територија на регионот Керсон, односно во областа на населбата Бабенкивка Друга, непријателот беше принуден да распореди хеликоптери и оружје за да бара бегалци и да ги врати на борбените позиции“, се вели во соопштение од украинскиот Генералштаб.

Тие објаснија дека неколку дена претходно е забележано интензивно движење на невооружени руски војници низ Каланчак, во правец на привремено окупираниот Крим. Каланчак се наоѓа во делот на јужниот регион каде во моментов се одвива украинската контраофанзива.

Доколку се потврди, украинскиот извештај дава пластичен увид во состојбата на руската војска во седмиот месец од почетокот на агресијата. Британската разузнавачка служба врз основа на своите податоци оцени дека кризата на моралот и дисциплината во руските редови го достигнува својот врв. Министерството за одбрана на Обединетото Кралство напиша дека прашањата како што се борбениот замор, големите жртви и проблемите со платите се меѓу главните поплаки на руските војници.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе