Во предградието Ел Рено

Торнадо збриша мотел во Оклахома, сè уште се извлекуваат жртви од под урнатините (ВИДЕО)

Разорно торнадо синоќа погоди едно од предградијата на Оклахома Сити, Ел Рено, убивајќи најмалку двајца луѓе и уништувајќи мотел и неколку канцеларии на фирми. Пред само неколку дена градот беше погоден од големи поплави.

Краткотрајното торнадо го разори Ел Рено, главно рурално предградие со речиси 17.000 жители.

Спасувачите се обидуваат да дојдат до затрупаните луѓе од мотелот, а оштетени се и неколку куќи и фирми во градот.

АП објави дека двокатниот мотел бил уништен во торнадото, а градоначалникот рече дека делови од мотелот се срамнети со земја. „Вториот кат на хотелот го нема“, рече Мет Вајт.

Оклахома беше погодена од торнада и поројни дождови во последниве денови. Невремето ја поплави реката Арканзас во источна Оклахома, принудувајќи ги властите да ослободат големи количества вода од браната Кистоун. Но ниту едно од торнадата не предизвика големи штети или смртни случаи во населени места, сè до овој што синоќа го погоди Ел Рено.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе