Торнадо опустоши делови од Германија, околу 50 повредени и неколку загинати(ВИДЕО)

Во Падерборн во западна Германија повеќе од 50 луѓе се повредени, меѓу кои десет сериозно каде што помина торнадото, изјави портпаролот на полицијата за АФП. Според досегашните информации загинале три лица.

Скриншот

 

Торнадото предизвика значителна материјална штета на градот во покраината Северна Рајна Вестфалија, кој го зафати невреме кое моментално минува низ Германија, а се појави по невообичаено високите температури за овој период од годината.

Липштад, оддалечен околу 30 километри, најверојатно исто така бил погоден од торнадо, изјави портпаролот на противпожарната служба. Засега нема извештаи за повредени.

 Невремето зад себе остави бројни штети во областа во западна Германија, а полициските сили пријавија голем број урнати покриви и откорнати дрвја.

Во прекин бил и железничкиот сообраќај.

Германската метеоролошка служба вчера објави дека ударите на ветерот на места достигнуваат брзина од 130 км/ч.

Тешка штета од невремето е забележана и во блискиот град Липштад. Срушена е црковната кула во градот, а германската новинска агенција ДПА објави дека повеќе од 100 луѓе се привремено заробени во локалниот отворен базен, откако соборените дрвја го блокирале излезот.

 

Легенда под Главна слика

Скриншот

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе