Торнадо го опустоши северен Далас, илјадници без струја, се проценува штетата (ВИДЕО)

Торнадо синоќа зафати делови од северен Далас, оставајќи повеќе од 100.000 домови и трговски објекти без електрична енергија, а летовите во регионалните аеродроми се одложени, соопштија официјални лица.

Невремето во Далас остави пустош зад себе, погодувајќи го и блискиот аеродром на северот на градот, соопшти денеска Центарот за прогнози на Државната хидрометеоролошка служба во Колеџ парк Мериленд.

Центарот додаде дека сите предупредувања за торнадо се укинати и дека нема нови предупредувања за поплави.

Според информациите на весникот Далас морнинг њуз, никој смртно не настрадал, но полицијата и пожарникарите одат од врата до врата во некои населби и ја проверуваат состојбата.

„Имаше точно едно торнадо што ја погоди областа во 21 часот“, рече Дејвид Рот, додавајќи дека бил моќен и дека само на дневна светлина може да се процени штетата.

„Видовме и град со големина на топче за голф и бејзбол во некои области“, додаде Рот.

Седум лица успеале да избегаат од објект што се срушил во северозападниот дел на Далас, но пожарникарите пребарувале да видат дали некој останал внатре, рече портпаролот на пожарникарите Џејсон Еванс. Телевизијата ВФАА објави дека за време на торнадото се срушила продавница, но службеник за телевизијата изјавил дека сите кои биле внатре избегале на безбедно.

Еванс рече дека одделот исто така добил повеќекратни повици од лица повредени во нивните домови од скршено стакло.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе