Топлотен бран во Европа, на Арктичкиот круг измерени рекордни 32,5 степени

Интензивните горештини во поголемиот дел од Европа предизвикаа јунски температурни рекорди од Арктичкиот круг па сè до Северна Африка.

Фото: ЕПА

Силниот топлотен бран предизвика пораст на температурите значително над просекот за јуни во многу земји, во некои случаи и до 20 степени.

Во средата Норвешка забележа температура од 32,5 степени Целзиусови во Банак, наводно највисоката температура досега забележана во рамките на Арктичкиот круг во Европа. Тоа е и значително повисоко од јунскиот просек од 13 Целзиусови степени.

Во Полска во понеделникот температурата достигна околу 35 степени Целзиусови, а во делови од источна Германија на повеќе локации измерени се 37 степени Целзиусови.

Јунските температурни рекорди се срушени и во Словенија и Хрватска, додека во Босна и Херцеговина е измерена температура за 0,2 степени Целзиусови пониска од јунскиот рекорд од 41 Целзиусов.

Екстремните горештини се проширија и во Северна Африка. Температурите во Тунис во понеделникот го израмнија месечниот рекорд од 48,7 степени Целзиусови.

Од друга страна, Европа ја зафатија и грмотевици кои предизвикаа разорен одрон во јужна Австрија, каде едно лице загина. Поплавени се куќи и патишта во Корушка.

Во останатиот дел од неделата се очекуваат нови невремиња со грмотевици придружени со град и силен ветер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе