Топлински бран во Европа: Илјадници бегаат од пожарите во Франција, во Португалија и Шпанија загинаа 280 лица

Температурите денеска достигнаа до 40 степени во големи области на западна Шпанија како и во Португалија. На север во Пињао се забележани 47 Целзиусови степени, што е рекордно високо ниво за јули во континенталниот дел на Португалија.

Фото: ЕПА

Силните ветрови и сушите во неколку земји во Европа предизвикаа пожари кои ги принудија жителите и туристите од различни градови и села да бегаат од огнената стихија, јави Би-би-си.

Во Португалија и Шпанија каде температурите се искачија над 40 степени, во десетици пожари и од топлински удар загинаа најмалку 281 лице.

Повеќе од 10.000 луѓе беа принудени да го напуштат југозападниот француски регион Жиронд во изминатите неколку дена. Неколку градови на западот на Шпанија се евакуирани.

Топлотните бранови станаа почести, поинтензивни и траат подолго поради климатските промени, јавува Би-би-си.

Светот веќе се загреа за околу 1,1 Целзиусови степени од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не направат значително намалување на штетните емисии.

Пожарникарите во Шпанија се борат да го заштитат градот Монсагро, но пожари избувнаа и на југ во националниот парк Монфраж кој е дом на ретки видови птици. Главниот автопат Н-5 во Касерес, источно од паркот, е во застој откако шумскиот пожар стигна до него.

Здравствениот институт Карлос Трети вчера соопшти дека најмалку 43 лица починале од горештините во првите два дена од последниот топлотен бран во неделата и понеделникот.

Здравствените власти во Португалија забележаа 238 смртни случаи повеќе од нормалното од 7 јули, што го припишуваат на многу топли и многу суви услови. Најпогодени се постарите лица, децата и лицата со хронични заболувања.

Италија и Хрватска, исто така, пријавија шумски пожари оваа недела, а силните ветрови значително го зголемија ризикот од пожари во пет региони во Грција, предупредија претставници на цивилната заштита.

Централна Грција, Атика и Крит се меѓу најзагрозените области и властите ги повикаа Грците да не прават ништо што би можело да предизвика пожар.

Пожар денеска е пријавен и на Крит и на копното во Атика. Службите за итни случаи упатија итен апел до жителите југоисточно од Атина да го евакуираат селото Фериза.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе