Топлински удар во Пакистан и Индија, температури над 50 Целзиусови степени, луѓе умираат (ВИДЕО)

Интензивен топлински удар го погоди југот на Пакистан со температури до 45 Целзиусови степени, присилувајќи ги луѓето да седат дома и спасувачките служби да бидат спремни за интервенции, а екстремни температури има и во соседна Индија.

Најсилно е погоден пристанишниот град Карачи, каде стотици луѓе се префрлени во болници со симптоми од топлински удар на вториот ден од екстремно топлото време, соопштија властите.

Температурите во тој град, поради топлите ветришта од Арапското Море, утре би можеле да се искачат до 50 Целзиусови степени.

Властите воспоставиле десетици центри за лекарска помош низ јужната провинција Синд, во која температурите достигнуваат до 45 Целзиусови степени. Луѓето се советуваат да не се изложуваат на сонце.

Повеќе од 2 илјади луѓе умреа во 2015 кога топлински бран го погоди градот Карачи за време на светиот муслимански празник рамазан, кога муслиманите постат од зора до самрак. Рамазан годинава веќе заврши.

И Индија во последните две недели се бори со топлински бранови со температури од 40 до 50 Целзиусови степени во некои делови од земјата.

Њу Делхи во вторникот забележа највисока температура во историјата до 48 степени, додека Чуру, град во сојузната држава Раџахастан, забележа рекордни 51 степен.

Засега од жештната оваа година во Индија умреа најмалку 36 луѓе, според податоците на државната агенција за управување со катастрофи, но локалните медиуми проценуваат дека има над 100 жртви.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе