Топлински бран ги зафати САД, температури и до 47 степени

Метеоролозите предупредуваат дека американскиот југ и среден запад ќе бидат погодени од силен топлински бран, па во некои делови на САД температурите се очекува да достигнат до 47 Целзиусови степени.

Американската метеоролошка служба предупреди дека најтопло ќе биде во 13 американски држави.

Најлоши временски услови денес има во Луизијана, Арканзас, Мисисипи и Оклахома, пренесува АП.

„Се чувствувате како да сте во пеколот, ете такво е чувството“, вели сопственичка на продавница во Мисисипи.

Нејзините клиенти влегуваат во продавницата со сламени капи и влажни крпи завиткани околу вратот за колку-толку да се оладат, вели АП.

Метеоролозите предупредуваат дека дополнителна опасност е големата влага, која е особено присутна во Луизијана.

Слични временски услови на југот и на средниот запад се очекуваат утре, соопшти американската метеоролошка служба.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе