„Непрофитен" договор

Тони Блер работи на реформи во Саудиска Арабија: Милионски донации за советите на поранешниот премиер

Поранешниот британски премиер Тони Блер на почетокот на оваа година потпиша „непрофитен" договор со владата на Саудиска Арабија за „поддршка на програмата за промени" што ја планира принцот Мохамед бин Салман.

 

Саудијците го ангажираа Институтот „Тони Блер“ (ТБИ) за да го „модернизираат и реформираат регионот и активно да работат на регионално решение за мировниот процес“, пишува денес британскиот Телеграф.

Се верува дека институтот Блер во јануари доби донација од над 8,5 милиони евра за оваа работа, а сега се платени повеќе од десет милиони евра.

Во одбрана на донацијата, портпаролот ТБИ рече:

„За да биде јасно ова е донација за ТБИ, а не лично за Тони Блер, и сите овие пари одат за проекти“.

Тој додаде дека саудиската донација ќе биде наведена во првиот годишен извештај на Институтот, но исто така истакна дека „немаат обврска да објавуваат податоци за донации или донатори“.

Поранешниот премиер го основал Институтот во 2016 година, откако првично добил девет милиони евра. Канцелариите на институтот се наоѓаат ширум целиот свет вклучувајќи ги и ОАЕ кои се соседи на Саудиска Арабија.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе