Тони Блер предупреди на „голема замка“ со избори пред брегзитот (ВИДЕО)

Премиерот на Британија Борис Џонсон поставува „голема замка“ за опозициската Лабуристичка партија која би требало да се избегне, предупреди поранешниот премиер на таа земја Тони Блер.

Тој го предупреди денес лидерот на лабуристите Џереми Корбин дека избори пред брегзитот би биле „голема замка“. Блер кажа дека е „брутално јасно“ дека гласовите на опозицијата на изборите би се поделиле и „во британскиот систем тоа би им донело лесно мнозинство на ториевците“, пренесува Би-би-си.

Кажа и дека политичарите се соочуваат со критичен момент во историјата додека се спремаат да предожат закон кој би спречил излегување на Британија од Европската Унија без договор.

Блер апелираше до пратениците да сфатат дека во модерната британска историја „никогаш немало поважен момент политичарите да ја стават земјата пред племето и националниот интерес пред личниот“.

Опозицијата планира да го блокира излегувањето на Британија од Европската Унија без договор со тоа што ќе бара одложување на крајниот рок кој сега е 31 октомври, освен ако формално не побараат трето продолжување на рокот и со тоа се сложат сите останати членки на ЕУ.

Опозициските пратеници планираат следната недела по итна постапка да почнат усвојување закон кој ќе спречи излегување од ЕУ без договор.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе