Томпсон ја поддржа Колинда: Да ги сопреме комунистите во нивниот поход (ФОТО)

Хрватскиот националистички пејач Марко Перковиќ Томпсон се огласи на Фејсбук по повод вториот круг на претседателските избори во Хрватска, кој ќе се одржи на 5 јануари.

Од неговиот пост јасно е дека тој својата поддршка ѝ ја дава на актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

„Драги пријатели, ве повикувам да излезете на изборите, бидејќи со неизлегувањето на изборите им оставате поголема можност на комунистите да победат. Исто така ве повикувам да не наседнете на наговарања на оние кои ве повикуваат да го поништите гласачкото ливче. На тоа можат да ве наговараат само оние на кои егото и приватниот интерес им е поважен од интересот на Хрватска, бидејќи секое неважечко ливче им дава голема шанса на комунистите повторно да се вратат на Пантовчак. Да излеземе на изборите и заедно да ги сопреме комунистите во нивниот поход на Пантовчак кој би им послужил како стартна позиција за продолжување на криминализацијата на Татковинската војна и сите вредности кои ни се важни“, напиша Томпсон.

Еден од кандидатите кој не успеа да влезе во вториот круг на претседателските избори во Хрватска е Мирослав Шкоро, кум на Марко Перковиќ Томпсон.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе