Гувернерот на Токио, Јурико Коике, тоа ќе го побара на состанокот со министерот за економија Јасутоши Нишимура, кој ја координира владината борба против пандемијата, објавија медиумите повикувајќи се на повеќе извори.
Премиерот Јошихиде Суга се спротивставува на повиците за вонредна состојба низ целата земја, како што беше случајот во април во првиот бран на пандемијата.
Бројот на нови случаи на коронавирусот во Токио достигна рекорд на 31 декември со 1.337, во споредба со 783 во петокот.
Во четвртокот беше поставен и национален рекорд со нови 4.520 случаи.
Јапонското Министерство за здравство потенцираше дека 716 пациенти со коронавирус се во сериозна состојба, што е рекорден број во таа земја.
Вкупно 36.186 лица се хоспитализирани, пренесува Си-ен-ен.
Од почетокот на пандемијата, во Јапонија се регистрирани 238.724 случаи на коронавирусот, а вкупно починале 3.500 лица.