Токио прогласи состојба на највисока опасност од заразата од коронавирусот

Токио денес го крена нивото на опасноста од коронавирусот на највисока, откако имаше рекордни 534 случаи, а тамошната гувернерка повика на претпазливост пред сезоната на забави на крајот на годината.

EPA-EFE

Бројот на новозаразени е рекорден и на ниво на цела Јапонија – телевизијата ТБС пренесува дека во последните 24 часа ги има 2.259.

Но најголема загриженост предизвикува ширењето на вирусот во престолнината која се надева дека следната година ќе биде домаќин на веќе одложените Олимписки игри.

„Бројот на случаите на коронавирусот расте, па размислуваме кои чекори се потребни бидејќи новозаразени би можело да има повеќе од илјада на ден“, кажа гувернерката на Токио Јурико Коике.

Највисокото, четврто ниво на опасност значи дека „заразата се шири“. Токио досега беше на второто највисоко ниво, односно на „заразата почнува да се шири“.

Поради растот на бројот на новозаразените низ земјата премиерот Јошиде Суга кажа дека владата размислува да воведе рестрикции на работата на рестораните, но не се размислува за драстични ограничувања на движењето на луѓето.

Суга ги повика граѓаните да бидат внимателни и ја истакна опасноста од зараза во рестораните и продавниците за храна.

Коике објави нови препораки за посетување ресторани пред почетокот на сезоната на забави на крајот на годината. Гувернерката препорача средби во мали броеви, останување најмногу еден час и тивок разговор.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе