Прва средба лице в лице по неколку месеци

„Тоа е удар“: министрите на ЕУ ја критикуваа Турција поради Аја Софија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија ја критикуваа денес Турција поради промената на статусот на Аја Софија од музеј во џамија и дупчењето за нафта и гас во спорните води во Медитеранот.

EPA-EFE

На првата средба лице в лице по неколку месеци, министрите планираа да разговараат за заострувањето на ставот на Анкара, иако не се очекуваат непосредни мерки.

„Ова што се случува со Аја Софија, тоа е удар“, кажа министерот за надворешни работи на Луксембруг Жан Аселборн.

Аја Софија била изградена во Константинопол како христијанска црква, а по укинувањето на одлуката да биде музеј, Ватикан, УНЕСКО, Руската православна црква и многу други меѓународни функционери изразија жалење или го критикуваа потегот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на европската дипломатија Жосеп Борел минатата недела ја посети Турција, каде разговараше за спорот на Анкара со Грција и Кипар околу барањето нафта и гас во истошниот регион на Средоземното Море.

Турски бродови за истражвање и дуплење нафта во придружба на воен брод неодамна истражуваа во област во која Кипар инсистира дека има ексклузивни економски права.

Турската влада соопшти дека ги штити своите интереси кога станува збор за природните ресурси на територијата на кипарските Турци (самопрогласената турска република Северен Кипар).

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде изјави дека настаните во Медитеранот се „причина за загриженост“ на ЕУ, но инсистираше прашањата на човековите права и демократијата да се разгледаа за време на редовната месечна средба.

Борел истакна дека односите со Турција „не се особено добри во овој момент“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе