„Тоа е чест што треба да се заслужи“: Трамп не е добредојден во британскиот парламент (ВИДЕО)

Доналд Трамп нема да биде добредојден во британскиот парламент за време на својата посета на Велика Британија, кажа претседателот на Претставничкиот (долен) дом на британскиот парламент Џон Беркоу, во говор кој предизвика овации кај пратениците.

Беркоу, кој во парламентот има неполитичка улога, кажа дека не може да ја сопре државничката посета на Доналд Трамп на Британија, но дека може да ја употреби својата функција во парламентот за да го спречи Трамп да одржи говор.

Тој кажа дека станал сигурен во својата одлука кога Трамп го потпишал указот со кој се забранува влезот во САД за граѓаните на седум муслимански земји. Тој кажа дека кабинетот на премиерката Меј треба да размисли за повлекување на поканата за посета на Доналд Трамп“.

Членот на парламентот Стивен Даути вчера го организирал предлогот, кој го потпишаа 163 члена на парламентот, во кој се побикува долниот дом да ја повлече дозволата од владата за обраќање во Вестминстер хол.

„Ги цениме своите врски со САД. Ако дојде до државничка посета, тоа ќе биде вон моќта на претседателот на Претставничкиот дом на парламентот. Што се однесува до ова место, цврсто верувам дека нашето противење на расизмот и сексизмот и нашата поддршка на еднаквоста пред законот и независното судство се важни прашања во парламентот“, им кажа Даути на пратениците.

Беркоу истакна дека правото на обраќање пред парламентот за странските државници не е право кое се добива автоматски, туку право кое тие треба да го заслужат. Тој додаде дека постои преседан според кој може да се обави државничка посета без обраќање во парламентот.

„Треба да има консензус за салата да се користи за обраќање на странски државници. Дури и пред забраната јас силно ќе се противев на обраќањето на претседателот Трамп во Вестминстер хол. По забраната, уште посилно сиум против тоа“, кажа Беркоу.

Тој истакна дека е обичај еден од двајцата претседатели на двата дома на парламентот да го покани државникот кој е во посета за да се обрати пред парламентот. „Јас не сакам да го поканам претседателот Трамп“, кажа тој.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе