Објавено истражување

„Тивките преносители“ би можеле да бидат одговорни за речиси половина од заразените со коронавирусот

Истражување објавено од американската Национална академија на науки открива дека „тивките преносители“ би можеле да бидат одговорни за половина од заразените во САД.

EPA-EFE

Изразот „тивок преносител“ значи дека вирусот се пренесува преку асимптоматски или претсимптоматски лица, кои потешко се откриваат.

Студијата, предводена од Алисон Галвани од Универзитетот Јејл и нејзините колеги, користела модели на пренос на коронавирусот и постојни истражувања, кои веќе укажувале дека асимптоматските инфекции сочинуваат 17,9 до 30,8 отсто од сите инфекции.

Врз основа на овие податоци, тимот утврдил дека претсимптоматските лица би можеле да извршат 47 до 48 отсто од пренесувањето, а асимптоматските лица 3,4 до 6,6 отсто од пренесувањето на заразата.

Тимот открил дека ни моменталната изолација на сите симптоматски случаи нема да биде доволна за ширењето да биде под контрола.

Властите би требало да идентификуваат и издвојат повеќе од една третина од „тивките преносители“ на вирусот, како и сите симптоматски случаи, за да спречат епидемија.

Научниците ја истакнаа потребата од тестирање и барање на контактите за преносот на заразата да се намали и мерките да се ублажат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе