Титовата лаѓа се пренаменува: го средуваат трошниот „Галеб“ (ВИДЕО)

Титовиот брод „Галеб“ со помош на три реморкери е одвлечен од пристаништето во Риека во бродоградилиштето Далмонт во Краљевица.

Таму ќе биде обновен и преуреден во брод-музеј, а вредноста на проектот е 46,9 милиони куни без ДДВ (околу 6,7 милиони евра).

Како што јавува хрватски Индекс, „Галеб“ во пристаништето во Риека беше вкотвен од средината на 2013 година, а рокот за неговата обнова е 14 месеци.

Бродот се преуредува во музеј во рамки на проектот „Риека 2020 – Европска престолнина на културата“, и тоа во рамки на проектот „Туристичката валоризација на репрезентативните споменици на риечкото културно наследство“ со неповратни средства од Европскиот фонд за регионален развој.

Музејската поставка ќе се простира на 4.500 квадратни метри на бродот. Мултимедијалната и постојаната поставка на бродот-музеј се состои од четири целини: историјата на бродот од 1938 до 19990, улогата на Јосип Броз Тито и неговите патувања на бродот во развојот на Движењето на неврзаните, животот на школскиот брод и претставување на бродот како технолошко достигнување на своето време.

Бродот бил изграден и почнал да се користи во 1938 година во Џенова под името „Рамб Трети“, а првата намена му била превоз на банани. На почетокот на Втората светска војна бил пренаменет во воен брод, а во 1943 година го презеле Германците и го именувале „Кибиц“ и до крајот на војната се користел за поставување мини.

На крајот на војната бил потопен во риечкото пристаниште. Од морето бил извлечен дури по три години, по што станал школски брод „Галеб“, а набрзо потоа и пловечка резиденција на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито. Тој со него извршил низа државнички патувања и одржувал средби со шефови на држави, главно поврзани со Движењето на неврзаните.

По распадот на Југославија отпловил во Бока Которска и му бил продаден на грчки сопственик, кој го испратил на ремонт во бродоградилиштето „Виктор Ленац“, каде што останал до банкротот на сопственикот. Бродот го купи градот Риека.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе