Тинејџерот што го надмудри киднаперот на автобусот ќе добие италијанско државјанство

Тинејџерот што го надмудри киднаперот на училишниот автобус во Италија и ги спаси животите на своите соученици ќе добие италијанско државјанство, соопшти италијанското министерство за внатрешни работи, а пренесува Си-ен-ен.

Возач на школски автобус во северна Италија во средата наутро го запали возилото, но за среќа 51 дете на школска возраст во него минаа без потешки повреди.

За среќниот крај придонел и 13-годишниот Рами Шехата кој исклучително добро се снашол во ситуацијата и им помогнал на своите соученици.

Тој успеал да го скрие својот мобилен телефон и да му се јави на својот татко, иако возачот се обидел на сите да им ги земе мобилните телефони. Се претворал дека се моли на арапски јазик, но всушност му кажувал на својот татко за киднапирањето.

Семејството на момчето е со потекло од Египет, но Реми е роден во Италија и до киднапирањето не можел да добие италијанско државјанство.

„Мојот син ја изврши својата должност, би било убаво сега да добие италијанско државјанство. Би сакале да останеме во оваа земја“, кажа татко му на Реми набрзо откако киднаперот бил уапсен.

Портпаролот на итните служби кажа дека во болница се санирани полесни повреди на 23 деца, а весникот Република јави дека станува збор за модринки и вдишување чад.

Телевизијата РАИ јави дека учениците, на возраст од околу 12 години, ги вознемириле родителите кога возачот скршнал од рутата и кажал дека никого нема да пушти од автобусот. Родителите веднаш ја повикале полицијата.

Следела потера на чиј крај полицијата го стигнала автобусот и им помогнала на децата да излезат, додека возачот, Италијанец со сенегалско потекло, се заканил со самоубиство и го запалил автобусот. Едно дете им кажало на новинарите дека возачот се заканувал дека сите ќе ги запали.

Возачот Усејну Си, кој најверојатно се решил на ваквиот потег во знак на протест поради давењето на емигрантите во Средоземно Море, е уапсен и му се заканува обвинение за киднапирање и обид за масовно убиство.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе