По речиси 24-часовна потрага

Тинејџерката Сол Паис „опседната“ со Колумбајн е пронајдена мртва

18-годишната Сол Паис од Флорида која отпатува за Колорадо и купи пушка по што властите стравуваа дека ќе следи напад инспириран од нападот во Колумбајн, само неколку дена пред 20-годишнината од нападот, денес е пронајдена мртва по очигледно самоубиство.

Шерифот на округот Џеферсон, Џеф Шредер изјави дека Сол Паис била откриена од страна на ФБИ со очигледно само нанесена рана од пушка.

Поради потрагата, од претпазливост, училиштата во областа на Денвер беа затворени.

За време на потрагата ФБИ соопшти дека Паис била „опседната“ со Колумбајн и се заканувала пред годишнината од нападот во сабота. Во нападот во средното училиште Колумбајн во 1999 година беа убиени 13 лица. ФБИ ја опиша Паис како „исклучително опасна“.

Ученичката од средното училиште во Мајами Бич заминала во Колорадо во понеделникот вечер и купила сачмарка и муниција, објавија властите.

„Се справуваме со многу закани во Колумбајн“, изјави извршниот директор за безбедноста на училишниот систем на округот Џеферсон, Џон Мекдоналд кога заврши потрагата. „Ова беше поинаку. За сигурно го привлече нашето внимание“, пренесе АП.

Властите кажаа дека Паис последен пат била видена недалеку од Колумбајн - во подножјето на округот Џеферсон пред Денвер - во црна маичка, маскирни панталони и црни чизми. Полицијата имаше инструкции да ја задржи за проценка на нејзиното ментално здравје.

Во родниот град на Паис во Сурфсајд, Флорида, шефот на полицијата Хулио Јеро побара семејството да добие „приватност и време да тагува“.

„Семејство даде голем придонес за истрагата уште од самиот почеток. Тие дадоа вредни информации што нè одведоа до Колорадо и помогнаа да се спречи губиток на повеќе животи“, рече тој.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе