Починала по пет дена

Тинејџерка запалена во Бангладеш бидејќи пријавила професор за малтретирање (ВИДЕО)

Девојка од Бангладеш која го пријавила својот професор за сексуално вознемирување врсници ја полеале со керозин и ја запалиле, а по пет дена умрела, пренесува Би-би-си.

Нусрат Џахан Рафи била запалена две недели откако ја поднела пријавата во полиција.

Како што навела Рафи во пријавата, професорот ја викнал во својата канцеларија и ја допирал на непримерен начин. Таа кажал и дека успеала да побегне.

Нејзините храброст и смрт привлекле големо внимание на јавноста во Бангладеш и укажале на ранливоста на жртвите на сексуалното малтретирање и вознемирување во конзервативната земја на југот на Азија.

19-годишната Нусрат била ученичка на исламско училиште во малиот град Фени, 160 километри источно од Дака.

Голем број жени и девојки во Бангладеш ги кријат своите искуства со малтретирање и вознемирување од страв дека општеството или семејствата може да ги осудат.

Нусрат по нападот отишла во полициска станица, каде полицаец ја снимил со телефон и таа раскажала што се случило. Снимката дошла на социјалните мрежи, а професорот бил уапсен по нејзиното пријавување. Локалците, меѓутоа, потоа излегле на улиците и побарале од локалните власти да го ослободат мажот.

Две недели по целиот случај, врсници од класот ја намамиле Нусрат на покривот на училиштето под изговор дека една пријателка им е претепана. Неколку ученици ја опколиле заканувајќи ѝ се дека мора да ја повлече пријавата против професорот, а откако таа одбила, ја запалиле, пренесува Индипендент.

По нејзината смрт се одржаа протести во повеќе градови. Полицијата уапси 15 лица, а најмалку седум учествувале во убиството.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе