Тинејџер во Италија го спасил автобусот полн со деца од киднаперот, глумел дека се моли на арапски

Возачот на училишен автобус во северна Италија во средата изутрината го запали возилото, но за среќа, 51 дете на училишна возраст кои биле во него минале без сериозни повреди.

За овој среќен крај придонесе 13-годишниот Реми Шехата кој извонредно се снашол во оваа ситуација и така им помогнал на своите соученици, објави Би-би-си.

Портпаролот на службите за итни случаи рече дека во болница се санирани полесни повреди на 23 лица, а весникот Ла република објавија дека се работи за модринки и вдишување чад.

Полициските возила го лоцирале автобусот и го принудиле да застане пред возачот да го запали, а кој веќе го полил возилото со бензин.


Италијанскиот весник Ла република објави дека сите чекани за кршење на стаклото во итни случаи биле намерно отстранети од возилото.

Децата биле спасени од задните прозорци откако биле скршени од страна на полицијата.

Роберто Манучи, полицаец кој помогна во спасувањето, рече: „Она што ме погоди најмногу беа децата... нивната воља, сила да се спасат и да излезат“.

Возачот на таков потег изгледа се одлучил во знак на протест поради давењето на мигрантите во Средоземно Море,тој е уапсен и му се заканува обвинение за киднапирање и обид за масовно убиство.

Недолго откако децата биле на безбедно, се дознало дека за нивната безбедност бил одговорен нивниот соученик, 13-годишниот Реми Шехата.

Имено, тој успеал да го скрие својот мобилен телефон, додека на сите други им биле одземени од возачот и да го повика својот татко. Тој се преправал дека се моли на арапски јазик, а всушност на татко му му зборувал за киднапирањето.

Инаку, семејството на момчето потекнува од Египет, но Реми е роден во Италија, но до ден денес нема добиено италијанско државјанство.

„Мојот син ја исполни својата должност, би било убаво сега да добие италијанско државјанство. Би сакале да останеме во оваа земја“, рече таткото на Реми.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе