Ќе работи на подготовки на самитот

Тим на Белата куќа патува за Сингапур, ќе се сретнат ли сепак Трамп и Ким на 12 јуни?

Белата куќа соопшти дека нејзин тим ќе отпатува за Сингапур овој викенд за да работи на логистиката за можната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, рече дека нивниот тим ќе отпатува за Сингапур како што е планирано за да го подготви самитот, ако дојде до него.

Американскиот претседател Доналд Трамп прво го откажа самитот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, закажан за 12 јуни во Сингапур, наведувајќи ги како причина „огромниот гнев и отвореното непријателство“ во соопштението од Северна Кореја во средата.

Американскиот претседател потоа се премисли и ја остави отворена можноста за нов состанок, велејќи дека чека да види дали Ким повторно ќе покрене „конструктивен дијалог“.

Трамп изјави дека Вашингтон „разговара“ со Пјонгјанг по неговото откажување на самитот со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, и наведе дека овој состанок сепак би можело да биде одржан на 12 јуни како што е и планирано.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе