„200 милиони долари за стабилизирање на ослободените територии“

Тилерсон: Завршувањето на воената операција против Исламска држава не значи дека постигнавме трајна победа

Завршувањето на големите воени операции против Исламска држава не значи дека САД и нејзините сојузници постигнале трајна победа над екстремистите, изјави денес американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во Кувајт.

Тилерсон, зборувајќи на состанокот за глобална коалиција против Исламска држава, рече дека САД одлучи да дадат дополнителни 200 милиони долари во помош за стабилизирање на ослободените територии во Сирија, пренесе Ројтерс.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со цел уништување на исламските екстремисти од партнерите од коалицијата, составена од 74 држави, бара да се вложат напори и да се надмине меѓусебниот ривалитет и да се концентрираат на основната задача - рушење на Исламска држава во Ирак и Сирија.

Непријателствата меѓу Иран и Сирија, од една и Израел од друга страна, се закануваат да создадат нов конфликт во Сирија, каде што веќе има премногу завојувани страни, пишува АП.

Во Сирија веќе трае седумгодишната граѓанска војна, а Турција отвори фронт во сирискиот регион Африн, кој е под контрола на Курдите, а кои се поддржани од САД.

Поради тоа се засили напнатоста меѓу членките на НАТО - САД и Турција.

Тилерсон поради тоа ќе отпатува во Анкара во петок, после посетата на Јордан и Либан.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во понеделникот оцени дека односите на Турција и САД се во „критична фаза“.

Анкара е бесна поради поддршката на Вашингтон на Курдските народни единици за заштита (ЈПГ), кои Турција ги смета за терористи поврзани со курдските бунтовници во Турција.

Поради тоа, американски неименуван официјален претставник изјави дека во Анкара се очекуваат„тешки“ разговори, пренесе АП.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе