Официјално го напушта Стејт департментот на 31 март

Тилерсон се обрати по отказот: Притисокот врз Пјонгјанг успеа над очекувањата (ВИДЕО)

Државниот секретар на САД во заминување Рекс Тилерсон им се обрати на новинарите неколку часа по отказот кој му го врачи американскиот претседател Доналд Трамп, и најави дека Стејт департментот официјално ќе го напушти на 31 март и „ќе му се врати на приватниот живот“.

Асошиејтед прес пренесува дека Тилерсон, по отказот кој агенцијата го оценува како нецеремонијален, односно некултурен, кажа дека до крајот на денот ќе му ги пренесе должностите на заменикот државен секретар на САД Џон Саливен.

„Она што е важно е да се обезбеди уредна и мазна транзиција за време на периодот во кој земјата (САД) продолжува да се соочува со значителни предизвици во политиката и националната безбедност“, изјави Тилерсон во преполната соба за брифинзи во Стејт департментот.

Тилерсон изнесе и неколку надворешнополитички пораки, кажувајќи дека „доколку Русија продолжи по сегашниот пат, ќе стане сѐ поизолирана“, и дека „претстои уште многу работа за да се развие јасен однос со Кина“.

Отпуштениот шеф на Стејт департментот кажа дека е „постигнат прекин на огнот во Сирија, но дека останува уште многу да се направи“, како и дека „кампањата на максимален притисок врз Северна Кореја успеа над сите очекувања“.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе