Белоруската опозиционерка побара средба во Вилниус

Тихановскаја го повика Макрон да биде посредник

Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја го повика денес францускиот претседател Емануел Макрон да буде „посредникот кој ни е неопходен“ за решавање на кризата во Белорусија.

EPA-EFE

„Неопходен ни е посредник за да спречиме понатамошно пролевање на крв. Макрон би можел да биде тој посредник и би можел да влијае на (рускиот претседател Владимир) Путин со кого е во добри односи“, кажа таа.

Тихановската побара средба со Макрон кој денес и утре престојува во Вилниус.

Главната противничка на белорускиот претседател Александар Лукашенко на изборите Тихановскаја избега во Литванија веднаш по гласањето.

Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори, кога низ земјата почнаа масовни антивладини протести, иницирани од официјалните резултати на гласањето според кои Лукашенко освои над 80 отсто од гласовите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе