„Тие не се луѓе, тие се животни. Ги протеруваме од земјата“

Претседателот на САД, Доналд Трамп на тркалезната маса за градовите на САД кои на имигрантите им даваат засолниште, ги нарече илегалните имигранти во државата Калифорнија животни.

„Ги протеруваме луѓето од земјата. Не можете да поверувате колку овие луѓе се лоши“, рече синоќа Трамп за време на разговорите за градовите во Калифорнија кои одбиваат да соработуваат со имиграциската служба на федерално ниво.

„Тие не се луѓе, тие се животни. Ги протеруваме од земјата со брзина која досега не сме ја имале“, рече американскиот претседател, додавајќи дека законот во Калифорнија им нуди засолниште на „опасни престапници кои се едни од најнасилните во светот, како што се членовите на групата МС- 13“ криминалните банди од Салвадор.

Трамп додаде дека „невини мажи, жени и деца се на немилост на садистички криминалци“.

Неговата изјава предизвика жестоки реакции на демократите кои рекоа дека имигрантите се човечки суштества.

„Тие не се животни, не се криминалци, не се шверцери на дрога, не се силувачи. Тие се човечки суштества“, рече демократскиот пратеник Џаред Полис од американската сојузна држава Колорадо.

Во Калифорнија, упориштето на демократите, живеат најмногу илегални имигранти во САД. Калифорниските градови сакаат на имигрантите да им ја олеснат интеграцијата во американското општество со различни мерки, кои федералните власти не ги одобруваат.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе