Тестаментот на принцот Филип ќе биде недостапен за јавноста уште најмалку 90 години

Тестаментот на британскиот принц Филип, војводата од Единбург, ќе остане тајна најмалку 90 години со цел да се заштити „достоинството и положбата" на кралицата, одлучи судот.

Фото: ЕПА

Тоа е традиција која трае повеќе од еден век, имајќи предвид дека по смртта на член на британското кралско семејство, од судовите се бара да ги запечатат нивните тестаменти, пишува Би-би-си. Ова значи дека тие не се достапни за јавноста.

По 90 години, ќе се одржи приватен процес на кој ќе се одлучи дали тестаментот може да се отпечати.

Расправата по барањето за запечатување на тестаментот во јули во приватност ја одржа Сер Ендрју Мекфарлан, највисокиот судија на Семејниот суд.

Тој ги слушна аргументите на адвокатите што го застапуваат имотот на починатиот војвода, како и аргументите на државниот адвокат, и својата одлука ја објави во четвртокот.

Мекфарлан објасни дека тој, како претседател на Одделот за семејство на Високиот суд, е чувар на сефот со повеќе од 30 пликови, од кои секој содржи запечатен тестамент на починат член на кралското семејство.

За прв пат по повеќе од сто години, започнат е процес што ќе овозможи објавување на овие тестаменти.

Принцот Филип (99) почина во април годинава.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе