Меркел-ерата завршува во речиси ќор-сокак

Тесна победа на социјалдемократите во Германија, партијата на Меркел на историски минимум

Социјалдемократите ги истиснаа демохристијаните, според прелиминарните резултати, но поради тесната победа сѐ ќе зависи од партијата на Зелените, која е на третото место.

Фото: ЕПА

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на Олаф Шолц освои 25,7 проценти од гласовите на парламентарните избори во Германија, што им дава мала предност пред ривалската Христијанско-демократска унија (ЦДУ), според најновите изборни резултати.

Партијата ЦДУ „се лизнаа“ на историски минимум на федералните избори, со освоени 24,1 отсто од гласовите.

Централно-десничарскиот блок на канцеларката во заминување Ангела Меркел, ЦДУ-ЦСУ, и нејзиниот кандидат Армин Лашет добија 24,1 отсто, што е најлошиот резултат во седумдецениската историја на партијата.

Партијата на Зелените, во весело расположение откако освои 14,8%, и покрај тоа што го загуби водството што го имаше претходно и од април падна за околу 13 проценти, е уверена дека ќе биде важен играч во претстојните коалициски преговори.

Зелените, предводени од Аналена Бербок, го постигнаа својот најдобар резултат и според првите резултати го освоија третото место, со што се пред либералите (ФДП), кои исто така напредуваа со 11,5 проценти.

Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) по втор пат ќе влезе во парламентот, со освоени 10,3 проценти од гласовите, додека партијата Левица не успеа да го помине прагот од 5 проценти за влез во парламентот, освојувајќи само 4,9 проценти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе