Тесла размислува за проширување во Европа. Маск: Има смисла да се прави компактен автомобил

Американскиот производител на електрични возила „Тесла" размислува да го прошири својот бизнис во Европа со модел на компактен автомобил што би бил наменет за масовниот пазар, изјави извршниот директор Илон Маск.

EPA-EFE/FILIP SINGER

„Веројатно би имало смисла во Европа да се прави компактен автомобил, можеби хечбек или нешто слично“, рече Маск вчера на европската интернет-конференција за батерии организирана од германската влада.

„Во САД, автомобилите се претежно поголеми затоа што Американците сакаат големи автомобили, додека во Европа обично се помали“, рече Маск, додавајќи дека во Берлин имал проблеми со паркирањето на својот пет метри долг Тесла Модел Икс.

„Го возев Моделот Икс во Берлин и имавме доста проблеми да најдеме паркинг место да паркираме“, откри тој.

Американскиот производител на автомобили моментално нуди четири модели на автомобили, вклучувајќи го седанот со средна големина Модел 3 и со средна големина спортскиот теренец Модел Ипсилон.

Сите негови возила се за неколку десетици сантиметри подолги од Фолксвагеновиот Голф, европската референца за компактни седани.

За две години, компанијата има намера да го пласира електричниот камион Сајбертрак на глобалниот пазар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FILIP SINGER

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе