Тесла ги удвои испораките на возила во првиот квартал

Американскиот производител на електрични возила Тесла соопшти дека испорачал двојно повеќе возила во првиот квартал отколку во истиот период минатата година, истакнувајќи ја солидната побарувачка во Кина.

Фото: ЕПА

Тесла во понеделникот објави дека испорачал вкупно 184.800 возила помеѓу јануари и март, двојно повеќе отколку во истиот период минатата година.

Според податоците на Рефинитив, аналитичарите очекувале да испорача 177.822 возила.

Во Тесла ги посочуваат добрите реакции на потрошувачите во Кина на Моделот Y, додавајќи дека забрзано ги прошируваат капацитетите според утврденото ниво.

Компанијата наведува и дека во првите три месеци од оваа година произвеле нешто повеќе од 180 илјади возила, скоро двојно повеќе отколку во истиот период минатата година.

Способноста на Тесла да произведе приближно ист број возила во првиот квартал како и во четвртиот квартал од 2020 година „е исклучок во поширокиот тренд на глобално производство на лесни возила“, напишаа аналитичарите на инвестициските банки Џ.П. Морган.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе