Многу чувствително американско-руско маневрирање

Тешки воени бродови на САД и Русија „во шах“ во Јонско Море

Во Средоземното Море со денови се одигрува многу чувствително американско-руско маневрирање – го пренесуваат светските агенции текстот на италијанскиот весник Ил џорнале.

EPA-EFE

Од едната страна, руска воена флота се обидува да изврши притисок врз бродови на НАТО за да ги истурка кон Јонското Море, а од друга страна САД продолжуваат да испраќаат бомбардери Б-52 над Европа за да ја следат ситуацијата одозгора.

Најновата сателитска снимка покажува што се случува во италијанските води на Јонско Море, во близина на Калабрија: „Предизвикот меѓу американскиот носач на авиони Труман и рускиот разурнувач Кулаков изгледа како партија шах – едниот го чека потегот на другиот“, пишува весникот.

Носачот на авиони Труман го предводи НАТО во Средоземјето, а друг италијански весник, Република, пренесува дека тој брод носи ловци-бомбардери Ф-18 кои во Црно и Балтичко Море „вежбаат“ за евентуално пружање помош на земјите кои се поблиску до војната во Украина.

Рускиот разурнувач Кулаков, од советската ера, беше целосно модернизиран во 2010 година. Познавачите велат дека е опремен и со крстосувачки ракети „калибр“, истото оружје со кое Русите гаѓаа цели во Украина.

Тој брод е во движење заедно со големиот руски брод Варјаг кој може истовремено да гаѓа повеќе цели и затоа го нарекуваат „убиец на носачи на авиони“.

Варјаг по големина е третиот брод од класата „Слава“ со наведувани ракети, изграден за советската морнарица, а сега служи во руската воена морнарица.

Тој брод од февруари е во близина на италијанските води, како дел од концентрацијата на сили на руската воена морнарица која никогаш претходно не е видена: разурнувачи, борбени авиони, фрегати и подморници, од кои една веројатно на нуклеарен погон. Сите бродови се опремени со крстосувачки ракети „калибр“.

Толкавата концентрација на руски бродови во Средоземјето е последица на намерата на Москва да го контролира движењето на НАТО, а на Американците да интервенираат за да спречат влез на непријателски бродови во Црно Море.

Американскиот носач Труман, осмиот брод од класата „Нимиц“ во воената морнарица на САД, чека како обезбедување за бомбардерите Б-52 кои летаат над областа каде што се наоѓаат руските екипажи.

Во сегашната ситуација руските Варјаг и Кулаков го следат Труман во Јонското Море. Но, за Москва тоа маневрирање не е едноставно бидејќи долгиот престој на море создава проблеми за нејзината флота која не успеа да стигне до Крим за снабдување, бидејќи Турција забрани минување на воени бродови низ Босфор.

Изгледа дека и Пентагон ги преиспитува своите приоритети: Труман беше изненаден од украинската криза бидејќи пред нејзиниот почеток беше на задача во водите на Персискиот Залив, и доби наредба да сопре, а подоцна да отплови во Средоземјето каде што му се придружија уште неколку бродови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе