Епидемија на коронавирусот

Тешка состојба во Италија: за еден ден умреле 133 луѓе, 16 милиони се блокирани (ВИДЕО)

Во Италија во последните 24 часа драматично порасна бројот на заразените и умрените во епидемијата на коронавирусот, и покрај воведувањето на карантинот во Ломбардија и другите северни региони во обид да се успори ширењето на вирусот, мерка која Светската здравствена организација ја нарече „храбра“.

Во само еден ден во Италија умреа луѓе колку вкупно во сите денови претходно, што доволно кажува за тоа колку е тешка ситуацијата. Италија според бројот на умрените и бројот на заразените стана втора во светот. Владее и хаос.

Агенцијата за цивилна заштита извести денес дека бројот на случаи на заразени со коронавирусот во последните 24 часа пораснал за 25 отсто или во бројки на 7.375 заразени лица, а бројот на смртни случаи од последиците на вирусот пораснал за дури 57 отсто (за 133 смртни случаи) на 366, што е најголем дневен пораст откако во земјата пред две недели беше прогласена епидемија.

Ограничувањата без преседан опфаќаат 16 милиони луѓе и ќе останат на сила до 3 април, а законот во текот на ноќта го потпиша премиерот Џузепе Конте.

Според новите мерки, странските туристи кои во моментов престојуваат во Ломбардија и уште 14 северни покраини погодени од вирусот би требало да заминат од таму, кажа италијанскиот премиер.

Конте објасни дека возовите и авионите и понатаму ќе сообраќаат во и од погодените области и кажа дека не треба да се нарекуваат „црвени зони“. Станува збор за градовите и селата кои се во карантин поради коронавирусот.

На сите што ќе ги прекршат новите правила им се заканува тримесечна казна затвор и парична казна во износ до 260 евра, јавуваат италијанските медиуми.

Но уште на првиот ден од драстичните мерки – блокадата и забраните – се создаде своевиден хаос во Италија, кој всушност почна уште синоќа, непосредно пред официјалната објава за мерките и по неа.

Илјадници луѓе, пред сѐ во Ломбардија, се обиделе да стигнат до возовите или во автомобили да го напуштат блокираниот регион. Властите испратиле стотици полицајци и здравствени работници кои се распоредиле по железничките станици и ги проверувале патниците. Тие од Ломбардија биле евидентирани и наредена им е самоизолација.

Гардијан пишува дека тоа е последица на истекувањето на информацијата дека Ломбардија ќе биде изолирана, што предизвикало паника. Ситуацијата дополнително ја влошува фактот што вака наглата миграција на населението е дополнителна опасност, што е спротивно на тоа што властите сакаат да го постигнат со карантинот.

Северните италијанските региони Ломбардија, Емилија Ромања и Венето се жариштата на епидемијата во Италија, каде се 85 отсто од заразените и над 90 отсто од умрените.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе