Тешка ситуација во Бразил: Стана втора земја во светот по бројот на мртви

Бразил вчера зазеде позиција на втора земја во светот по бројот на смртни случаи од коронавирус зад Соединетите Држави, каде неколку држави обавија рекордни нови случаи на ковид-19, што сигнализира дека кризата сè уште е далеку од крајот.

Фото: ЕПА

Бразилското Министерство за здравство регистрираше 909 смртни случаи во претходните 24 часа, со што бројката на починати достигна 41.828 лица, што значи дека земјата со 212 милиони жители сега го надмина бројот на смртни случаи во Велика Британија, каде починаа 41.566 лица.

Експертите предупредуваат дека вистинската бројка на случаи во најголемата економија во Латинска Америка би можела да биде многу поголема од потврдената бројка од 828.810.

„Во некои области (во Бразил) е пресуден момент“ бидејќи пополнетоста на одделенијата за интензивна нега е поголема од 90 проценти, изјави пред новинарите во Женева директорот за итни случаи на Светската здравствена организација Мајк Рајан.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој минатата недела се закани дека ќе го напушти СЗО поради „идеолошка пристрасност“, го отфрли вирусот како „помал грип“ и ги нападна службениците на својата земја поради наметнувањето ограничувања.

Латинска Америка е најновиот епицентар во глобалната битка со новиот коронавирус, кој во Кина се појави кон крајот на минатата година.

Регионот има регистрирано повеќе од 1,5 милиони инфекции и 75.000 смртни случаи, без знаци дека вирусот забавува.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе