Според извештај на Европол

Тероризмот и понатаму е голема закана во Европа

Во 2018 година тероризмот и понатаму претставувал голема закана за безбедноста во државите членки на ЕУ, се наведува во извештајот на Европол за состојбата и трендовите во Европската Унија.

Во извештајот од областа на тероризмот се укажува дека во страшни напади биле убиени 13 луѓе, а многу повеќе биле ранети.

Порастот на апсењата поврзани со десничарскиот екстремизам, иако сѐ уште низок, укажува дека екстремисти од различна насока сѐ повеќе го сметаат насилството за оправдано средство за конфронтација.

Во споредба со 2017, бројот на нападите и жртвите во ЕУ значително опаднал, меѓутоа бројот на спречени џихадистички терористички заговори значително пораснал.

Нивото на загрозеност од тероризам затоа не е намалено, се наведува во соопштението на Европол.

Во извештајот на Европол за состојбата и трендовите во ЕУ од областа на тероризмот (ТЕ-САТ), направен на барање на Европскиот парламент е прецизен преглед на природата на терористичките закани со кои ЕУ се соочувала во 2018 година.

Во извештајот се истакнува дека 13 луѓе ги загубиле животите поради терористички напади во ЕУ во 2018 година, дека сите напади биле по природа џихадистички и дека ги извршиле поединци кои сами дејствувале, целејќи на цивили и симболи на власта.

Често, мотивацијата на извршителите и врските со други радикализирани поединци или терористички групи останувале нејасни.

Покрај извршените, државите членки на ЕУ пријавиле 16 спречени терористички заговори, илустрирајќи ја ефикасноста на напорите на борбата против тероризмот. Тие пријавиле и вкупно 129 спречени и неуспешни терористички напади во 2018 година.

Вкупниот број напади се намалил по наглиот пораст во 2017 година кога ги имало 205, главно поради намалувањето на пријавените етно-националистички и сепаратистички инциденти.

Во извештајот се наведува дека во 2018 година се уапсени 1.056 лица под сомнеж дека извршиле прекршоци поврзани со тероризам, од кои една петтина се жени, се вели во соопштението на Европол.

Бројот на апсења поврзани со десничарскиот тероризам останува релативно низок, 44 во 2018 и бил ограничен на мал број земји, но се зголемил трет пат по ред, ефективно удвојувајќи се во однос на 2017 кога изнесувал 20.

„Терористите не тежнеат само кон убивање, туку и кон поделба на нашето општество и ширење омраза“, изјави извршната директорка на Европол Катрин де Бол.

Чувството на несигурности кое терористите се обидуваат да го создадат мора да биде нашата најголема грижа, истакна таа.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе