Терористот во Виена тргнал да убива со звуците на албански рап

Австриската полиција добила видеоснимка што може да расветли голема непознаница во терористичкиот напад на 2 ноември, а тоа е прашањето како терористот Кујтим Фејзулаи дошол вооружен до центарот на Виена.

Фото: ЕПА

На снимката се гледа како маж, на совозачкото седиште, седи во автомобил БМВ со автоматска пушка меѓу нозете, истиот вид оружје употребено во нападот, во кој загинаа четири лица, а повеќе од 20 беа повредени.

Според неделникот „Профил“, полицијата ова видео од 10 секунди го добила уште во ноќта на нападот.

На снимката во заднината се слуша албанската рап песна „Ак47“ од пејачот Нуш.

Полицијата утврдила дека оружјето што се гледа на сликата е автоматска пушка „застава М70“, истата што ја користел Фејзулаи во терористичката акција.

Видеото е објавено на две групи на Вотсап, а еден од членовите на тие групи бил во контакт со напаѓачот во седмицата пред атентатот.

Исто така, тој 21-годишник е сопственик на црно БМВ 321и, поради што е осомничен дека го возел терористот, со што и учествувал во нападот.

Покрај тоа, во јавноста стигнаа нови информации за 20-годишниот Фејзулаи, кој, по предвременото ослободување од притвор, барем еднаш бил на сослушување во Службата за заштита на уставот и борба против тероризмот, пренесоа австриските медиуми.

Тој бил испрашуван за луѓе од исламистичката сцена.

Виенската полиција потврди дека во јануари годинава спровела „анализа на опасност“, а во февруари на Фејзулаи му бил одземен австрискиот пасош.

Магистратот 20 објави дека Фејзулаи се обидел да извади лична карта, но полицаецот видел дека е осуден за тероризам, па го одбил неговото барање и побарал одземање.

Фејзулаи имаше државјанство на Австрија и на Македонија, од каде што потекнуваат неговите родители.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе