Терористот од Нов Зеланд при апсењето го интересирало само колку луѓе убил

Австралискиот портал Аустралијан објави денес информација за апсењето на Брентон Таран, терористот кој уби 51 човек во нападот врз џамиите на Нов Зеланд.

Тарант е австралиски државјанин па информацијата брзо се рашири по австралиските медиуми.

Австралијан јави дека Тарамт кога бил уапсен првото нешто што го прашал било колку луѓе успеал да убие.

„Колку убив?“ и „Колку од нив?“ биле прашањата кои Тарант им ги поставувал на полицајците додека го приведувале. Австралиските медиуми наведуваат дека тоа е единственото што го интересирало.

Додаваат и дека полицијата таа информација не ја открила веднаш, ни и дека полицајците што го привеле ги забележале неговите зборови во извештајот за целиот случај.

Тарант на 15 март на Нов Зеланд уби 51 лице.

Во нападот кој се пренесуваше во живо на Фејсбук убиецот вооружен со полуавтоматско оружје нападна муслимани собрани на петочна молитва во две џамии во Крајстчрч. Станува збор за најлошото мирновременско злосторство во историјата на Нов Зеланд.

Во јуни на сослушување беше поднесено обвинение против него, а тој се изјасни за невин по сите точки.

Судењето би требало да почне во мај следната година.

Обвинението против Тарант има 92 точки, е едно од нив е обвинение за тероризам, кое е воедно и првото обвинение за тероризам во историјата на Нов Зеланд. 51 точка се обвиненија за убиствата, а 40 точки се обвиненија за обид за убиство.

Премиерката на Нов Зеланд Жасинда Ардерн по нападот вети дека ќе ги смени законите за оружје во земјата.

Реформата беше прифатена во април, а според неа е забрането поседување полуавтоматско огнено оружје, деловите кои го претвораат оружјето во полуавтоматски пушки, магацини на оружје со прекумерни капацитети и некои сачмарки.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе