Терористот од Нов Зеланд на суд им се смеел на семејствата на жртвите

Австралиецот Брентон Тарант, одговорен за смртта на 51 човек во терористичкиот напад врз џамиите во новозеландски Крајстчрч, се појави на суд во Оукленд и се изјасни дека не се чувствува виновен за ниедна од 92 точки од обвинението.

Абдул Азиз, човекот кој храбро го избркал убиецот од џамијата и со тоа спречил уште поголем масакр, жестоко му се нафрлил на Австралиецот кој во судот се смешкал додека вџашено го гледале членовите на семејствата на жртвите нарекувајќи го страшливец.

Преживеаните од масакрот плачеле додека Тарант една по една ги отфрлал обвиненијата за убиство, убиство со предумисла и тероризам.

„Се смееше таму на судот и изигруваше мажиште, а кукавички избега кога требаше да се соочи со мене. Дајте ми 15 минути со него во ќелијата и ќе видиме дали ќе продолжи да се смее“, изјави Азиз, херојот на трагедијата од Крајстчрч.

Судењето на Тарант ќе биде првото од тој тип на Нов Зеланд и се предвидува дека лесно може да се развие во комплексен судски процес. Муслиманската заедница во Крајстчрч ја поздрави одлуката на обвинителството злосторството да се третира како терористички чин.

„Ние сме силни. Тој е губитникот, а ние сме победниците“, изјави Темел Атакоџугу, еден од преживеаните на нападот, и изрази верба во правниот систем на Нов Зеланд.

Затворскиот персонал соопшти дека на Тарант во притвор не му е дозволено гледање телевизија, слушање радио, читање весници и примање посети.

Случајот на Тарант продолжува на 16 август, додека почетокот на судењето е закажан за 4 мај 2020.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе