Терористот од Нов Зеланд купувал оружје преку интернет

Сопственик на новозеландска продавница за оружје кажал дека напаѓачот на џамиите во Крајстчрч купил оружје и муниција од нив преку интернет, но дека не му го продале разорното оружје со кое уби 50 луѓе.

Австралиецот Брентон Тарант, наводно бел расист, во саботата беше обвинет за убиства, а пред судот повторно ќе се појави на 5 април. Полицијата најави дека тогаш ќе добие дополнителни обвиненија.

Во петокот тој во две џамии во Крајстчрч уби најмалку 50 и повреди повеќе десетици луѓе.

Дејвид Типл, сопственик на продавницата Ган сити, откри дека напаѓачот меѓу декември 2017 и март 2018 купил четири парчиња оружје.

„МССА, автоматската воена пушка, наводно употребена во нападот, не е купена од Ган сити. Му продадовме само оружје од А категорија“, кажа Типл на конференција за медиумите во Крајстчрч.

Според новозеландските закони оружјето од А категорија смее да биде полуавтоматско, но ограничено на седум истрели. Видеоснимката на напаѓачот во џамијата покажува дека користел полуавтоматска пушка со поголем шаржер.

Типл истакна дека купувањето на интернет се случило по исполнувањето на нарачката која ја одобрила полицијата, а дека во три од четирите купувања било земено автоматско оружје.

„Не забележавме ништо необично кај сопственикот на дозволата. Тој беше нов купувач со нова дозвола“, истакна Типл.

Ограничувањето на пристапот до огнено оружје беше главната тема на кабинетот на новозеландската премиерка Жасинда Ардерн кој денес се сретна за првпат по масакрот.

Нападот поттикна повици за посторга контрола на вооружувањето и ограничување на пристапот до некои оружја, особено полуавтоматските.

„Она што јавноста сега со право го прашува е зошто и како е можно на Нов Зеланд да може да се купи воено полуавтоматско оружје“, кажа Ардерн.

Сопственикот на Ган сити истакна дека ги поддржува повиците на премиерката за измени на законите бидејќи масакрот во Крајстчрч отворил некои важни прашања.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе