Терористот од Нов Зеланд излезе пред суд, маж се обиде да го нападне со нож

Терористот од Крајстчрч Брендон Харисон Тарант се појави пред суд рано утринава, откако вчер аво крвав поход уби 49 и тешко повреди повеќе од 20 луѓе.

Облечен во затворска облека, без чевли, и во лисици пред судот го изведоа двајца полицајци. Тој не зборуваше пред судот.

На сите фотографии неговото лице е замаглено според одлуката на новозеландскиот суд кој кажа дека идентификацијата на неговиот идентитет ќе биде важен дел во постапката против него.

По краткото сослушување одреден му е истражен затвор, а пред судот ќе се појави повторно на 4 април.

Обвинет е за убиство на еден маж, но судијата кажа дека обвинението дефинитивно ќе биде проширено, најверојатно по идентификувањето на сите жртви.

Еден маж се обиде да влезе во судот во Крајстчрч, на кој пред судија беше изведен терористот. Тој наводно сакал да го нападне и со нож да го избоде терористот.

Неидентификуваниот маж наводно на новозеландски новинари им го покажал ножот што го имал со себе, пренесува Би-би-си.

„Што, по ѓаволите, се случи тука?“, ги пренесува Њу Зеланд хералд зборовите на мажот кој се обидел да влезе во судот.

Полицијата претходно објави дек поради големите тензии судењето ќе биде затворено.

Тарант пораснал во градот Графтон во Австралија, а пред нападот живеел во град на југот на Нов Зеланд, Данедин, кој е 360 километри одалечен од Крајстчрч.

Полицијата во моментов ги истражува неговите врски во Графтон и околината.

„Можам да им кжам на властите дека не беше познат во смисла на екстремизам и слични прашања“, изјави заменик началникот на полицијата Мик Вилинг. Австралиската полиција соопшти дека ќе соработува со новозеландсаката полиција.

Полицијата на Нов Зеланд побара од сите што го виделе нападот или знаат нешто за него да им се јават.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе