Терористот кој ги нападна џамиите во Нов Зеланд ја призна вината

Австралиецот обвинет за убиство на 51 лице и ранување десетици други луѓе во двете џамии во Карјстчрч на Нов Зеланд минатата година денес ја смени изјавата дека не е виновен и се изјасни како виновен, соопшти новозеландската полиција.

Дваесет и девегодишниот обвинет напаѓач преку видео-врска одговараше на вонредното рочиште на вишиот суд во Крајстчрч свикано на барање на обвинетиот и ги призна 51 обвинение за убиство и 40 обиди за убиство, како и едно обвинение за учество во терористички чин, се наведува во полициското соопштение.

На обвинетиот му биле прочитани имињата на сите 51 убиен пред да биде прашан како се изјаснува на обвинувањата за убиство.

„А, во ред. Да, виновен“, кажал тој наводно, пред повторно да ја признае вината на прашањето за обидите за убиство и обвинението за тероризам.

Напаѓачот, белечки расист, во јуни се изјасни дека не е виноцен за вкупно 92 обвиненија преку своите адвокати, кога исто така се јави преку видео-врска од затворот во Оукленд, повеќе од 1.000 километри северно од Крајстчрч, каде го држат во изолација во строго чувано затворско крило.

„Полицијата процени дека веста ќе ги изненади жртвите и јавноста, од кои некои можеби сакаа да бидат присутни во судницата“, се наведува во изјавата.

Во првичната реакција новозеландската премиерка Жасинда Ардерн изјави дека: „Денешното признавање на вината ќе им донесе олеснување на многу луѓе чии животи беа уништени од она што се случи на 15 март“.

„Признавањето на вината подразбира одговорност за она што се случи, а исто така ги поштедува семејствата кои ги изгубија најмилите, повредените и другите сведоци од мачно судење“.

„Не можам да дадам дополнителен коментар имајќи предвид дека казната допрва треба да се изрече“, додаде Ардерн.

На обвинеиот му е одреден притвор до 1 мај. Рочиштето на кое ќе се изрече казната нема да се свика сѐ додека не биде возможно сите жртви кои сакаат да присуствуваат на судењето.

„Поради епидемијата на ковид-19 тоа уште некое време нема да биде можно“, соопшти полицијата.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе