Терористот Брејвик на денешен ден пред 9 години во Норвешка уби 77 луѓе

Норвешка одржа комеморација во спомен на деветтата годишнина од терористичкиот напад на десничарскиот екстремист во кој беа убиени 77 луѓе во Осло и на островот Утоја, ветувајќи дека ќе се бори против нетолеранцијата.

EPA-EFE

„Ги повторуваме зборовите „никогаш повеќе“ за да се потсетиме на своето ветување: дека секој ден ќес е бориме за вредностите кои терористите сакаат да ги нападнат“, изјави премиерката Ерна Солберг во Осло.

Во август 2012 година десничарскиот екстремист Андрес Беринг Брејвик беше осуден на 21 година затвор за бомбашки напад, како и пукање на 22 јули 2011 во Осло и во камп на млади лабуристи на остров во близина на главниот град.

Нападите беа прогласени за најлош чин на насилство во Норвешка по Втората светска војна.

Ина Ларвик, лидерка на младите лабуристи, кажа дека „омразата одзема животи. Но знаеме дека најдобрио противотров за омразата се љубовта, надежта и заедништвото“.

Ларвик беше застрелана четири пати за време на нападот во кампот на островот Утоја, каде Брејвик уби 69 луѓе, главно млади, во својот смртоносен поход. Осум други беа убиени со автомобил бомба која Брејвик ја постави во владиниот кварт во Осло.

Имињата на сите жртви беа прочитани за време на комеморацијата.

Солберг и другите говорници исто така го спомнаа и минатогодишниот напад врз џамија во близина на Осло.

Норвежанецот Филип Мансхаус неодамна беше осуден поради пукање во џамија на 10 август и поради убиство на посвоената полусестра кратко пред нападот.

Поради коронавирусот бројот на присутните беше ограничен, а церемонијата скромна. Меѓу гостите беа лидерот на Лабуристичката партија Јонас Гар Сторе и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој беше премиер во времето на нападот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе