Според сириските медиуми

Терористите во Идлиб почнале офанзива со десетици бомбаши-самоубијци (ВИДЕО)

Единиците на нелегалните оружени банди со поддршка од турските трупи почнале офанзива на градот Саракиб во сириската провинција Идлиб, јави сириската државна агенција САНА.

„Терористичките групи употребија десетици бомбаши-самоубијци и автомобил-бомби во западниот правец на Саракиб, користејќи силна огнена поддршка од турските сили“, наведува агенцијата.

Во соопштението се додава дека се водат жестоки битки меѓу сириската војска и терористите. Владините сили возвратиле со интензивен артилериски оган, десетици терористи биле убиени, а неколку оклопни возила уништени.

Претходно турските медиуми јавија дека сириската „умерена опозиција“ ја презела контролата врз градот Саракиб, но подоцна воен извор ги демантираше овие извештаи. Според тврдењата на изворот, „нападите на милитантите врз градот успешно беа одбиени од владините сили“ и градот е целосно под контрола на сириската влада.

„Во градот и покрај редовните напади на терористите продолжува отстранувањето на мините и подготовката за обнова на цивилниот живот“, јавува САНА.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе