Бомби во три цркви и три хотели

Терористички напади во Шри Ланка, најмалку 50 мртви, 300 ранети (ВИДЕО)

Бомбашки напади во три цркви и три хотели во Шри Ланка за време на Велигден при што загинаа повеќе од 50 лица и речиси 300 се ранети, соопшти медицинскиот персонал и полициски извори.

Директорката на Државната болница во Коломбо Саминди Самракон изјави дека знае за најмалку 20 смртни случаи и 280 повредени лица.

Портпаролот на полицијата изјави дека биле погодени три цркви и три хотели.

Најмалку два од хотелите и една од црквите се во главниот град Коломбо. Друга црква е во Негомбо, северно од Коломбо.

Еден извор од полициската бомбашка единица, соопшти дека една од експлозиите била во црквата Свети Антониј во Кочикаде, Коломбо.

„Нашите луѓе се ангажирани за извлекување на жртвите“, рече изворот.

Црквата Св. Себастијан во Катувапитја, Негомбо на својата страна на Фејсбук постави слики од уништената црква, на кои се гледа крв на столчињата и подот и побара помош од јавноста.

Извори од два водечки туристички хотели во Коломбо, исто така ги потврдија експлозиите но не дадоа никакви детали.

Досега никој нема превземано одговорност за нападите.

 

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе