Терористички напад во Берлин: Се залетал со автомобил во други возила извикувајќи „Алаху акбар“

Германските власти соопштија дека потенцијалниот терористички чин предизвикал три судири на повеќе делови од обиколница во Берлин, по што имало привремен прекин на сообраќајот.

Screenshot

Според последните информации, повредени се шест лица, од кои тројца сериозно. Инцидентот се случил во вторникот вечер (18:30 часот) кога 30-годишен Ирачанец се залетал со автомобил во повеќе возила, пишува Билд.

На дел од обиколницата, тој соборил два мотоциклисти, при што сериозно ги повредил и двајцата. Потоа го запрел автомобилот, излегол и викнал: „Алаху акбар“. Потоа на кровот на автомобилот ставил метална кутија и извикал „никој да не му се приближува или сите ќе умрат“.

Полицијата успеала да го совлада човекот и да го уапси, и не пронашла експлозивна направа во неговиот автомобил. 30-годишникот сега е во притвор.

Билд од полициските кругови дознава дека нападот е извршен со религиозна и патолошка позадина. Се верува дека виновникот е 30-годишниот Ирачанец Сармад А.

„Според сегашните сознанија, станува збор за напад мотивиран од исламизам“, рече портпаролот на јавното обвинителство во средата. Но, постојат индикации и за психолошки проблеми кај 30-годишниот Ирачанец.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе