Терор во Шри Ланка: Во 8 речиси истовремени експлозии најмалку 207 мртви и 400 повредени (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО+ВИДЕО)

Министерот за одбрана на Шри Ланка Руан Вијевардане изјави дека виновниците се идентификувани.

„Веруваме дека виновниците кои се вклучени во терористичкиот чин ќе бидат уапсени во најкус можен рок. Идентификувани се“, рече Вијевардане, додавајќи дека и полицијата и армијата го испитуваат нападот.

Министерот рече дека ќе ги преземе сите мерки против сите екстремистички групи кои делуваат во земјата.

Најмалку 207 лица загинаа, а повеќе од 400 се повредени во Шри Ланка во 8 речиси истовремени експлозии на неколку локации, вклучувајќи цркви и хотели со пет ѕвездички во главниот град, изјави полицијата.

Експлозии се пријавени на неколку локации во и надвор од Колумбо, според податоците на полицијата. Нападнати се четири католички цркви кои го прославувале Велигден и три хотели со пет ѕвездички во центарот на Коломбо.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе