Британската премиерка

Тереза Меј вети дека ќе ја штити Европа од Русија

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека нејзината влада ќе ѝ остане посветена на заштитата на Европа по брегзитот, обвинувајќи ја Русија за воена агресија и мешање во изборите.

Премиерката кажа дека Британија ќе им помага на земјите што се жртви на агресија. „Обединетото Кралство безусловно ќе остане предадено на зачувувањето на европската безбедност“, кажа Меј во говорот што го одржа во Гилдхол во лондонскиот финансиски кварт.

„Сеопфатното ново економско партнерство што го бараме ќе ја истакне нашата заедничка посветеност на отворената економија и слободните општества наспроти оние што се обидуваат да ги поткопаат“, додаде британската премиерка.

Британската влада извлече еден од своите најголеми адути во преговорите за брегзитот, нудејќи ѝ на Европската Унија соработка во областа на одбраната и безбедноста, надевајќи се дека со тоа ќе добие отстапки во идните трговски и економски односи.

Велика Британија ќе има поголем буџет за одбрана од која било земја од ЕУ, а нејзините дипломатски и разузнавачки служби се меѓу најголемите во Европа. Британската влада тврди и дека е меѓу земјите од ЕУ кои најмногу придонесуваат во низата безбедносни мерки, како споделување податоци и докази, екстрадиции и Европол.

Меј вчера директно ја обвини Русија за мешање во избори и хакирање на данското министерство за одбрана, германскиот парламент и државните медиуми со уфрлање на лажни вести и фотошопирани слики во обид за поткопување на западните институции.

Таа истакна дека владата соработува со НАТО за полесно да се спротивстави на руските предизвици и почнала воено и економски да ја помага Украина. „Ќе преземеме нужни чекори за да одговориме на руските активности“, кажа Меј.

Додаде и дека сака подобри односи со Русија, но доколку таа се реши да промовира мир. „Русија може, и се надевам дека еден ден ќе го направи тоа, да избере поинаков пат. Но сѐ додека Русија не го направи тоа, ние ќе дејствуваме заедно за да ги заштитиме своите интереси и меѓународниот поредок од кој тие зависат“, истакна Меј.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе