Британски избори 2017

Тереза Меј постигна договор со демократските унионисти и ќе формира влада

Тереза Меј склучи договор со Партијата на демократските унионисти (ДУП) и ќе успее да формира влада, објави Гардијан.

Се очекува премиерката попладнево да се сретне со кралицата за да потврди дека има договор.

Договорот следува по сеопфатни разговори со ДУП до доцна во ноќта. Членови на партијата велат дека тие утрово биле мотивирани од ужасеноста поради можноста за Џереми Корбин да стане премиер.

Членови на ДУП фигури инсистираат дека нивните врски со тимот на Меј биле блиски откако таа стана премиер пред 11 месеци.

Извор од ДУП рекол: „Ние сакаме да има влада. Добро работевме со Меј. Алтернативата е неподнослива.“

„Сè додека Корбин ги води лабуристите, ние ќе направиме сè за премиерот да биде конзервативец.“

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе